Морничав случај од Велс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако беше објавена приказната за Ли Сејбин, жена која речиси две децении го криела телото на својот сопруг, додека продолжувала да ја користи неговата пензија.
Страшната вистина излегла на виделина дури по нејзината смрт во октомври 2015 година.
Ли, поранешна медицинска сестра, на соседите и пријателите со години им раскажувала дека поседува медицински скелет, кој наводно го чувала од времето кога работела во здравството.
Никој не претпоставувал што навистина се крие во мистериозниот пакет.
Пријателките сакале да направат шега, па откриле човечко тело
На 24 ноември 2015 година, две пријателки на починатата жена решиле да го отворат пакетот за кој верувале дека содржи медицински скелет.
Меѓутоа, кога почнале да ја отстрануваат пластичната фолија, сфатиле дека станува збор за вистински човечки останки.
Полицијата утврдила дека телото било завиткано во дури 41 слој материјал, што придонело за неговото зачувување.
ДНК-анализата подоцна потврдила дека останките му припаѓаат на Џон Сејбин, сопругот на Ли, кој последен пат бил виден жив во 1997 година.
Го убила со камена фигура?
Истрагата открила дека Џон починал од силни удари во главата.
Клучен доказ била камена фигура во облик на жаба, која Ли ја чувала покрај креветот. Според истражителите, нејзината форма одговарала на повредите пронајдени на черепот.
Дополнително, пријателка сведочела дека Ли претходно ѝ признала дека го удрила сопругот со камената фигура.
Во меѓувреме, таа продолжила да ја подигнува неговата пензија и да ги уплаќа средствата на нивната заедничка сметка.
Надлежниот судски истражител официјално утврдил дека Џон починал како последица на незаконско убиство.
Бидејќи Ли Сејбин починала пред откривањето на телото, против неа никогаш не била спроведена судска постапка.














