ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО ЖИВО: Водител шутна дрон и погоди манекенка директно во лице!

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО ЖИВО: Водител шутна дрон и погоди манекенка директно во лице!

Несекојдневен инцидент се случи за време на телевизиска емисија во Мексико, кога водителот Ернесто Чавана шутна дрон што леташе низ студиото, по што леталото удри директно во лицето на колумбиската манекенка и танчарка Изабела Рохас.

Инцидентот се случил за време на емисијата „Es Show“, која се емитува на „Канал 6“ на телевизијата „Мултимедиос“ во Монтереј.

Снимката од необичниот момент набрзо се прошири на социјалните мрежи и привлече големо внимание.

На видеото се гледа како дронот се приближува до водителот, кој ненадејно ја подигнува ногата и го шутнува.

Меѓутоа, наместо да се оддалечи од присутните, леталото ја менува насоката и ја погодува манекенката директно во лицето.

Манекенката веднаш го покрила лицето

По ударот, Рохас инстинктивно го покрила лицето со рацете, додека нејзините колешки веднаш ѝ притрчале на помош.

Таа била одведена зад камерите, каде што била прегледана од екипа на итната медицинска помош.

За среќа, повредите биле лесни, па манекенката по неколку минути повторно се појавила во студиото.

Подоцна на социјалните мрежи објавила фотографии на кои се гледа повредата на горната усна.

Водителот се извинил

По инцидентот, Ернесто Чавана јавно ѝ се извинил на манекенката и ја презел одговорноста за случувањето.

И покрај непријатната ситуација, емисијата продолжила со емитување, а снимката од ударот стана вирална на интернет.


Видео:

Најнови вести