ПРВ.мк
Спорт

ТАЖНА ВЕСТ ВЕЧЕРВА: Засекогаш згасна животот на струмичката фудбалска легенда

ТАЖНА ВЕСТ ВЕЧЕРВА: Засекогаш згасна животот на струмичката фудбалска легенда

Тажна вест го погоди македонскиот фудбал. Почина Димитар Георгиев, познат под прекарот Шеки, еден од најпрепознатливите фудбалери во историјата на струмичкиот фудбал, кој остави неизбришлива трага во Беласица и Тиверија.

Георгиев беше фудбалер чиј талент, атрактивни потези и голгетерски способности со години ги воодушевуваа љубителите на фудбалот.

Во дресот на Беласица одиграл вкупно 235 лигашки натпревари и постигнал 50 голови, со што се вбројува меѓу десетте најуспешни фудбалери во клупската историја според настапите и постигнатите погодоци.

Особено значаен бил неговиот придонес во историската сезона 1982/83, кога Беласица ја освоила шампионската титула во Првата македонска лига.

Токму Шеки бил најдобар стрелец на тимот таа сезона, со девет постигнати голови, давајќи голем придонес во освојувањето на титулата.

Покрај Беласица, значајна трага оставил и во Тиверија, а во текот на својата богата кариера настапувал и за Тетекс, Пролетер од Стојаково и Вардарски од Богданци.

Неговата фудбалска приказна траела повеќе од две децении, исполнети со бројни натпревари, голови и незаборавни моменти.

Со заминувањето на Димитар Георгиев – Шеки, Струмица загуби едно од препознатливите имиња на својот спорт, а македонскиот фудбал човек чии достигнувања ќе останат запишани во клупската историја.