Познатиот српски рок-музичар и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, отворено проговори за својот приватен живот и односот со партнерката Ана, со која ја има ќерката Сташа.
Иако се во врска и имаат заедничко дете, двајцата не живеат на иста адреса. Според музичарот, токму таквиот начин на живот придонесува нивната врска успешно да функционира.
„Немам жена, имам девојка со која имам дете“
„Мене зборот ‘жена’ ми звучи несоодветно. Немам жена, имам девојка со која имам дете“, изјавил Ѓорѓе Давид.
Тој открил дека и покрај одвоеното живеење, празниците секогаш ги прославуваат заедно.
Кога станува збор за домашните обврски, музичарот вели дека се грижи за набавките и другите потребни работи, додека Ана го презема подготвувањето на храната.
„Се трудам да ја задржиме дистанцата“
Ѓорѓе Давид смета дека одредена дистанца меѓу партнерите може позитивно да влијае врз љубовниот однос.
„Тоа функционира феноменално бидејќи не се земаме здраво за готово. Ниту таа мене, ниту јас неа“, објаснил пејачот.
Тој истакнал дека за него е важно партнерите да ја задржат возбудата и радоста при секоја средба.
„Многу ми е тажно кога гледам луѓе кои се 20 или 30 години во брак, а во нивните погледи има омраза или целосна незаинтересираност еден за друг. Тоа не е нашиот случај“, додал музичарот.
Според него, љубовта не мора секогаш да подразбира заеднички живот под ист покрив.
„Се трудам Ана и јас да ја задржиме таа дистанца што нè инспирира“, заклучил Ѓорѓе Давид.









