ПРВ.мк
Спорт

Еве што емитуваше телевизијата на Реал Мадрид откако Мбапе не ја освои Златната топка

Еве што емитуваше телевизијата на Реал Мадрид откако Мбапе не ја освои Златната топка

Необична сцена се случи на клупската телевизија на Реал Мадрид за време на доделувањето на престижната Златна топка, откако француската ѕвезда Килијан Мбапе не успеа да го освои признанието за најдобар фудбалер.

Телевизијата на шпанскиот гигант претходно ја променила програмската шема и одложила два филма за во живо да ја проследи церемонијата, очекувајќи дека Мбапе ќе биде прогласен за победник.

Сепак, наградата заврши во рацете на англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн.

Разочарување во студиото

Пред прогласувањето на победникот, коментаторите на „Real Madrid TV“ со големо исчекување го следеле развојот на настаните.

Кога Роналдо Назарио го соопштил името на победникот, следувала реакција на разочарување, иако коментаторот му честитал на Кејн.

„Мислам дека Мбапе имаше право да стане освојувач. Но, воопшто не е незаслужено што Кејн ја освои Златната топка. Тој е одличен играч“, изјавил коментаторот.

Наместо церемонија – акционен филм

Набргу по прогласувањето, клупската телевизија го завршила специјалното емитување.

„Реал победи во Барселона, а Хари Кејн е добитник на Златната топка. Довидување до утре“, порачале од студиото.

Веднаш потоа, наместо продолжение на церемонијата, гледачите добиле акционен филм со Стивен Сигал.

Станува збор за филмот „Sniper: Special Ops“ од 2016 година, чија приказна следи специјална единица испратена во Авганистан.

Неочекуваниот програмски пресврт предизвика внимание во шпанските медиуми, кои го протолкуваа како израз на разочарување поради тоа што престижната награда не заврши кај францускиот