ПРВ.мк
Сцена

„Криев поради годините“: Познатиот пејач доби ќерка на 64 години – откри како реагирале неговите деца и поранешната сопруга!

„Криев поради годините“: Познатиот пејач доби ќерка на 64 години – откри како реагирале неговите деца и поранешната сопруга!

Познатиот српски пејач Мики Меќава стана татко на 64-годишна возраст, откако неговата партнерка Катарина ја роди нивната ќеркичка Маша.

Пејачот, кој од претходните врски има три деца и три внучиња, во интервју за српските медиуми откри зошто одлучил да ја сокрие бременоста, но и како неговото семејство реагирало на радосната вест.

„Криевме затоа што моите години се такви какви што се. Имам три деца и три внучиња. Сакавме да бидеме сигурни дека сè ќе помине добро“, раскажал Меќава.

Тој признал дека размислувал и за реакциите на јавноста, очекувајќи коментари поради тоа што станал татко во седмата деценија од животот.

Поранешната сопруга лично му честитала

Најголемо изненадување за пејачот била реакцијата на неговите деца, кои со огромна радост ја прифатиле веста дека добиле помала сестра.

Особено емотивен момент бил телефонскиот повик од неговата поранешна сопруга Милица.

„Мојата поранешна сопруга ми се јави и ми рече: Зарем јас да не знам меѓу првите за твојот најсреќен ден?“, открил пејачот.

Меќава нагласил дека со поранешната сопруга има одлични односи, а дека таа и неговата сегашна партнерка исто така добро се согласуваат.

Размислува и за свадба

Иако со Катарина живее долги години, двојката официјално не е венчана.

Пејачот открил дека неговата партнерка би сакала црковна венчавка, а тој не ја исклучува можноста за интимна семејна прослава.

„Маша е круна на нашата љубов“, истакнал Меќава.

Пејачот признава дека денес татковството го доживува поинаку отколку во младоста и дека доаѓањето на Маша му донело огромна среќа.

Најнови вести