КЕГИ-МОБИ ФУРИОЗНО ВО СКОПЈЕ – ПОБЕДА 4:8 ПРОТИВ БАЛКАН И НАЈАВА ЗА ГОЛЕМА СЕЗОНА!
Во првото коло од новата сезона во Првата футсал лига, КМФ КЕГИ-МОБИ Велес започна моќно и спектакуларно – со убедлива победа од 4:8 на гостински терен против екипата на ФК Балкан 2017/КМФ во салата „7ми Мај“ во Чаир.
Нашите момци го наметнаа темпото уште од стартот – Димовски Стефан погоди уште во 1-та минута, а веднаш по него Андов Димче и Левков Петар го зголемија водството. Серијата продолжи со головите на Михајлов Александар и Трајков Трајче, додека Андов и Димовски повторно беа прецизни кон крајот за да ја заокружат оваа импресивна победа.
За домаќините погодија Алији (2x), Реџепи и Далип, но тоа не беше доволно пред цврстата и брза игра на нашите футсалери.
Натпреварот го водеа Младеновски Марјан и Даштевска Моника, кои ја делеа правдата фер и коректно во едно динамично прво коло.
Ова е само почеток, но КЕГИ-МОБИ со оваа победа јасно порача – целиме високо, бориме се до самиот врв! 💥⚽ НАШ КЛУБ, НАША ГОРДОСТ! ❤️🤍















