ПРВ.мк
Спорт

Јосип Лукачевиќ во битка за живот по сериозен мозочен удар – фудбалскиот свет во шок

Јосип Лукачевиќ во битка за живот по сериозен мозочен удар – фудбалскиот свет во шок

Балканската и австриската фудбалска заедница се соочуваат со тажна вест – поранешниот фудбалер и тренер Јосип Лукачевиќ (41) се наоѓа во критична здравствена состојба по претрпен мозочен удар. Иако првично УФЦ Кроатија Салцбург објави дека тој починал, новите информации откриваат дека Лукачевиќ сè уште е жив, но во сериозна состојба, борејќи се за своето здравје.

Јосип е роден на 3 ноември 1983 година во Брчко, а својата фудбалска кариера ја започна во Орашје. Преку неколку пријателски натпревари со Хајдук, тој остави силен впечаток, особено во Цибалија и Осиек каде одигра вкупно 78 натпревари во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ). Покрај тоа, настапуваше и во Босна и Херцеговина, како и во Русија, пред да ја заврши кариерата во родното Орашје. Во текот на кариерата, го облече и дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина во еден натпревар.

По завршувањето на професионалната играчка кариера, Јосип се пресели во Австрија каде продолжи да ја следи својата страст кон фудбалот, играјќи и тренирајќи во УФЦ Кроатија Салцбург. Со овој клуб ја освои и првата титула во нивната историја, што беше значајна точка во неговата тренерска кариера.

Оваа вест го потресе целиот фудбалски свет, а неговото семејство, пријатели и фанови продолжуваат да се молат за негово брзо и успешно опоравување.

Не дознавај последен – читај ПРВ.мк

Escape