ПРВ.мк
Спорт

Тајна средба помеѓу Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ – бизнис, спорт или нешто повеќе?

Тајна средба помеѓу Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ – бизнис, спорт или нешто повеќе?

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо се сретнаа далеку од очите на јавноста, во саудискиот главен град Ријад, каде што престојуваа по различни поводи, но нивната средба го привлече вниманието на јавноста и медиумите.

Ѓоковиќ беше дел од егзибицискиот тениски турнир „Шест кралеви“, кој се одржа минатата недела, додека Роналдо, како што е познато, веќе подолг период е играч на Ал Наср, клуб со седиште токму во Ријад.

Иако на теренот Новак не го покажа својот препознатлив сјај – го предаде натпреварот за третото место на Тејлор Фриц – надвор од спортската арена имаше важни активности. Освен што учествуваше на прес-конференција со кошаркарската легенда Шакил О’Нил, Ѓоковиќ имаше и неспоредливо поважна и поинтригантна средба со Роналдо, за која сега кружи и фотографија.

Српскиот тенисер и португалската фудбалска икона се познаваат одамна, и постои можност разговорот да бил сосема пријателски. Сепак, со оглед на сè почестите инвестиции и маркетиншки активности на Ѓоковиќ, дури и во областа на фудбалот, шпекулациите се неизбежни – можеби станува збор и за потенцијална соработка.

За што точно разговарале? Засега не е познато, а јавноста со нетрпение го очекува следното обраќање на еден од нив. Сигурно е само едно – кога две вакви спортски икони ќе седнат на иста маса, се случува нешто големо.

Escape