Министерот за труд и социјална политика на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Аднан Делиќ, најави сериозни промени во системот за пензиско и инвалидско осигурување. Со новиот закон ќе се воведе пофер и праведен систем каде што нема да биде возможно лице со само 15 години работен стаж да добива иста пензија како некој кој има работено 40 години.
Досегашниот модел им овозможуваше на лица со краток и неретко делумен работен век, често со минимални придонеси, да остварат пензиски права слични на оние кои со децении редовно уплаќале целосни придонеси. Ова создаваше неправда и ја нарушуваше довербата во системот на пензиско осигурување.
Проблемот е уште појасен кај примерите каде работници со високи примања во меѓународни организации доброволно плаќале придонеси на најниска основа и по само 15 години добивале пензија од околу 200 КМ, која фондот потоа ја надоместувал до најниската законски утврдена пензија од 600 КМ.
Со новите измени, системот ќе биде стабилизиран и пензискиот фонд ќе добие поголема одржливост на долг рок. Клучна новина е јасното разделување на социјалната компонента од заработените пензиски права, што ќе овозможи правична распределба и сигурност за идните пензионери.
Не дознавај последен – читај ПРВ.мк