Владата на Албанија донесе одлука за исплата на новогодишен бонус на пензионерите, со вкупен фонд од 9,4 милијарди леки, што е околу 97 милиони евра. Оваа финансиска поддршка ќе им биде исплатена на околу 765.000 пензионери, кои се поделени во две категории според висината на нивната пензија.
Пензионерите со пензија повисока од 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000 леки, додека оние со пензија под 20.000 леки ќе бидат наградени со 15.000 леки. Овој новогодишен бонус е идентичен со оној што го добија минатата година во декември.
Покрај тоа, оваа година во пролет, пензионерите веќе добија бонус од 5.000 леки, односно 10.000 леки во зависност од категоријата на нивната пензија, соопшти МИА.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк