Овој викенд официјално започнува новата сезона на Футсал првенството! Спортските сали ширум Македонија повторно ќе оживеат со адреналин, драма и многу квалитетен футсал. Првото коло носи интересни дуели, а едно од највозбудливите екако е натпреварот помеѓу КМФ Балкан 2017 и КМФ КЕГИ-МОБИ Велес, кој ќе се одигра во недела (26.10.2025) од 18:00 часот во салата „7ми Мај“ во Чаир.
Покрај овој меч, ќе се одиграат и уште неколку интересни дуели:
- КМФ Мал Ајакс – КМФ Јувентус Серава (Штип, 18:30)
- КМФ Шкупи 1927 – КМФ Осогово 2022 (Скопје, 20:00)
- КМФ Проект – КМФ Форца 2015 (Гевгелија, 21:00)
- КМФ Клими Кавадарци – КМФ Бутел 2022 (понеделник, 27.10.2025 во 20:00)
Во новата сезона ќе настапуваат повеќе екипи од целата држава, кои ќе се борат за врвот на табелата и место во плејофот. Љубителите на футсалот ќе имаат прилика да уживаат во атрактивни мечеви, голем ривалитет и многу возбудувања на паркетот.
Сите резултати, табели и ексклузивни информации од Футсал првенството ќе можете да ги следите на ПРВ.мк – местото каде футсалот живее со кеф!















