Во Австралија се забележаа неверојатни сцени кога милиони пајаци плетеле огромна мрежа што ги покрила полињата, тревата и дрвјата, оставајќи ги жителите во шок.

Во источна Викторија, особено во градот Таралгон, кој беше сериозно погоден од неодамнешните поплави и олуи, луѓето се разбудиле со призор на огромна пајажина која целосно ја покрила земјата и околните објекти.

Поплавените патишта ја нарушиле локалната популација на пајаци, па тие во обид да се спасат од вода, почнале да плетат мрежи на дрвјата, куќите и високата трева, создавајќи неверојатен природен феномен, пишува „The Guardian“.

„Едноставно е неверојатно, кога ќе дуне ветар, мрежата потсетува на бранови“, изјавила Џена Битсон. „Изгледа страшно бидејќи покрива се. Не може да се види добро на фотографиите, но пајаците се насекаде по неа. Илјадници и илјадници пајаци“, додал таа.

Овој природен феномен го привлече вниманието на локалното население и на научниците, како ретка и импресивна реакција на животинската популација на екстремни временски услови.
















