ПРВ.мк
Свет

Трамп ја тресе Европа: Унгарија и Словачка на работ на енергетска катастрофа

Трамп ја тресе Европа: Унгарија и Словачка на работ на енергетска катастрофа

Новата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции кон најголемите руски нафтени компании, Лукоил и државниот Роснефт, предизвика сериозна загриженост за енергетската стабилност во Централна Европа. Целта на санкциите е долгoroчно да се намали присуството на руска нафта на европскиот пазар, но најголем удар би можеле да почувствуваат Унгарија и Словачка, земји кои се речиси целосно зависни од руските испораки.

Од 21 ноември, сите субјекти кои соработуваат со Лукоил и Роснефт ќе бидат санкционирани, што значи дека европските банки повеќе нема да можат да извршуваат нивни трансакции. Аналитичарите предупредуваат дека ова е најсериозен удар врз рускиот енергетски сектор од почетокот на војната во Украина, но и потенцијален ризик за енергетската стабилност на Унгарија и Словачка.

Лукоил е клучен снабдувач на нафта за овие земји, кои увезуваат од 86 до 100 проценти од своите потреби преку нафтоводот Дружба. Од Братислава признаваат дека санкциите би можеле целосно да ја запрaт испораката, па владата „најверојатно ќе побара исклучок од Вашингтон“ за да обезбеди континуирана снабденост. Унгарската влада на Виктор Орбан веќе порано нагласи дека „енергетската сигурност не смее да се жртвува поради политички одлуки“.

Санкциите би можеле да влијаат и врз Лукоиловите рафинерии во Романија, Бугарија и Холандија, но најголем ризик го носат земјите кои физички зависат од рускиот нафтен транспорт. Европските дипломати признаваат дека притисокот врз Будимпешта и Братислава е голем, бидејќи овие земји досега блокирале повеќе предлози за построги санкции против Русија и сè уште немаат одржливи алтернативни извори на сурова нафта.

Escape