Британскиот рапер Гетс, чие вистинско име е Џастин Кларк-Самуел, е уапсен поради предизвикување сообраќајна несреќа со трагични последици. Тој се соочува со обвинение за предизвикување тешки телесни повреди со опасно возење откако 20-годишник почина откако бил удрен од автомобилот на раперот, пишува Би-би-си.
Инцидентот се случил во сабота, 18 октомври, во Илфорд, североисточен Лондон. Гетс удрил млад човек, но не застанал на местото на несреќата. Жртвата починала во болница истиот ден.
Се очекува обвинението да се промени од предизвикување сериозни повреди во предизвикување смрт со опасно возење на следното рочиште. Гетс треба да се појави на суд на 27 октомври и до тогаш останува во притвор. Полицијата ги повика сите сведоци на несреќата да се јават и да дадат информации.
Гетс е еден од најпознатите рапери на британската музичка сцена. Минатата година настапуваше на Гластонбери и во својата кариера соработувал со Ед Ширан, Стормзи и Скепта. Покрај музиката, се обидел и во глумата со улога во серијата „Супасел“, а минатата година ја доби наградата „Мобо Пионер“ за својот придонес во британската црна култура.














