Во текот на изминатото деноноќие, во Велес и околината се регистрирани два шокантни случаи на семејно насилство, во кои жртви се жени нападнати од своите партнери.
Првиот инцидент се случил вчера попладне, околу 15:20 часот, во едно село во велешко, кога 58-годишна жена била физички нападната од својот 62-годишен сопруг. Според информациите од СВР Велес, насилството се случило во нивниот семеен дом, а напаѓачот употребил тврд предмет при нападот, нанесувајќи и телесни повреди на својата сопруга. Полицијата веднаш реагирала по пријавата и извршила увид на местото на настанот.
Вториот случај бил пријавен изминатата ноќ, околу 02:30 часот, кога 32-годишна жена од Велес побарала помош во полиција, пријавувајќи дека била нападната од својот 56-годишен невенчан сопруг. И овојпат, полицијата интервенирала веднаш и го привела напаѓачот.
Од СВР Велес потврдија дека двајцата насилници се приведени, а за двата случаи е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Овие два случаи уште еднаш го отвораат прашањето за растечкиот проблем со семејното насилство во Македонија, кој, според експертите, бара построги санкции и континуирана заштита на жртвите.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк















