ПРВ.мк
Црна Хроника

Малолетник нападна полицајци во Скопје - еве ги деталите

Малолетник нападна полицајци во Скопје - еве ги деталите

Полицајците дошле да го приведат татко му, а малолетникот ги нападнал со тврд предмет.

На 24.10.2025 во 15:15 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.С.(43) и неговиот 16-годишен син, двајцата од Скопје. При преземање мерки за приведување на К.С. по телеграма од Полициската станица Кисела Вода, малолетникот со тврд предмет ги нападнал полициските службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Escape