ПРВ.мк
Црна Хроника

Тажна вест од Битола: Почина легенда на Пелистер и советник од ВМРО-ДПМНЕ

Тажна вест од Битола: Почина легенда на Пелистер и советник од ВМРО-ДПМНЕ

Битола тагува по загубата на Зоран Петковски, поранешен кошаркар и актуелен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој почина на 47-годишна возраст по долго боледување. Само неколку дена претходно, Петковски беше повторно избран за втор мандат во Советот на Општина Битола.

Петковски беше вистинска спортска легенда – својата кариера ја започна во КК Пелистер, каде што со години ја бранеше зелената боја како капитен и еден од најпрецизните стрелци. Настапуваше и за клубови како Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи и Радовиш, а по завршувањето на активната кариера ја продолжи љубовта кон кошарката како тренер и член на управата на Пелистер.

Познат по својата спортска посветеност и енергија, Петковски важеше за голем борец за младите и за развој на училишниот спорт во Битола. Како професор по физичко воспитување беше омилен меѓу учениците и спортистите, а неговите сограѓани ќе го паметат по неговата човечност, скромност и љубов кон градот.

Од ВМРО-ДПМНЕ – Битола, КК Пелистер, како и бројни спортисти и пријатели, упатија искрено сочувство до неговото семејство.

Опелото и погребот на Зоран Петковски ќе се одржат утре во Битола.

Escape