ПРВ.мк
Македонија

Над 300 албански лекари ја напуштиле Македонија во последните години – овој недостаток е причината за тоа!

Над 300 албански лекари ја напуштиле Македонија во последните години – овој недостаток е причината за тоа!

Во последните неколку години, повеќе од 300 албански лекари ја напуштиле Македонија и продолжуваат да работат во медицински центри низ Европа. Овој тренд не запре, а многу студенти по медицина уште за време на студиите се подготвуваат за заминување од земјата.

Експертите истакнуваат дека проблемот не е само намалувањето на бројот на лекари, туку и недостигањето на нови работни места во здравствениот систем, особено во руралните области надвор од Скопје. Крeтaриoт на Здружението на албански лекари, Невзат Елези, потенцира дека е потребна стратегија за рамномерна распределба на постојниот кадар и навремено вработување на нови лекари.

„Многу од студентите кои ја завршуваат праксата во странство покажуваат тенденција да се вратат и да останат во Македонија. Околу 250 лекари годишно ја напуштаат државата“, вели Елези.

Според д-р Исмаили, причините за заминување не се само ниските плати, туку и лошите услови за работа, недоволните можности за континуирана обука и потребата од подобро образование. „Неопходно е да се подобрат условите за работа и професионалниот развој, за лекарите да имаат мотивација да останат овде“, додава тој.

Во меѓувреме, во Струга се одржува 30-тиот меѓународен симпозиум организиран од Здружението на албански лекари од Македонија, каде стотици лекари од регионот дискутираат за најновите медицински достигнувања и предизвици со кои се соочува здравствениот систем.

Escape