ПРВ.мк
Македонија

Црвено предупредување: Силен ветер и невреме го погодуваат Балканот – еве што ја очекува Македонија!

Црвено предупредување: Силен ветер и невреме го погодуваат Балканот – еве што ја очекува Македонија!

Метеоролозите испратија сериозно предупредување за граѓаните – во следните денови Македонија ќе биде зафатена од силен циклон кој носи поројни дождови, грмежи и ветер со брзина до 80 километри на час.

Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од земјата, времето останува многу променливо и нестабилно. Поради јужното и југозападно струење, температурите ќе бидат повисоки од вообичаените за овој период од годината, но тоа топло време ќе биде само вовед во драстично заладување што следува.

Во понеделник и вторник (27 и 28 октомври) се очекуваат најобилни врнежи од дожд, придружени со грмежи, а на планините дождот ќе премине во снег. Во Скопје и околината се предвидуваат силни врнежи и ветер со јужен и југозападен правец.

Од вторник попладне се очекува нагло опаѓање на температурите и продор на студен воздух од север, кој ќе донесе вистинско есенско заладување.

Надлежните служби апелираат граѓаните да бидат внимателни – да ги обезбедат предметите на балконите и дворовите, да не паркираат автомобили под дрвја и да избегнуваат движење во близина на стари или нестабилни конструкции.

Периодот на нестабилно време ќе продолжи и во следните денови, па граѓаните се советуваат редовно да ги следат метео-известувањата и предупредувањата од УХМР.

Escape