Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека речиси сите членки на Европската Унија и НАТО се обединиле со цел да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија преку нацистичкиот режим во Киев.
Лавров го изнесе ставот во видео порака прикажана на VIII Глобален форум на млади дипломати, истакнувајќи дека пред 80 години Русија ја победи „нацистичка Германија, која обедини речиси цела Европа“. Тој го поврза тогашниот историски настан со сегашните геополитички случувања, нагласувајќи дека денешната ЕУ и НАТО повторно се обединиле за да започнат „војна против Русија“ преку Киев, кој според него „нелегално дојде на власт со државен удар во февруари 2014 година“.
Лавров потенцираше дека Русија, како постојан член на Советот за безбедност на ООН и најголема евроазиска сила, ја разбира својата одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност и продолжува да работи на создавање поправеден светски поредок, базиран на принципите на Повелбата на ООН и почитување на културната и цивилизациската разновидност.















