ПРВ.мк
Свет

Украинците заробија руски саботер кој се претставувал како Азовец - погледнете каков трик искористија

Украинците заробија руски саботер кој се претставувал како Азовец - погледнете каков трик искористија

Во акција што личи на сцена од филм, украинските артилерци од 28. механизирана бригада заробија руски саботер во градот Костјантиновка, Доњецка област. Заробениот маж, идентификуван како Олег од градот Пенза, се преправал дека е припадник на познатиот украински полк „Азов“.

Сепак, неговата лага траела кратко. Кога украинските војници го замолиле да го изговори зборот „Паляницја“ – традиционален украински леб што Русите тешко го изговараат правилно – тој веднаш се одал. Во обид да се извлече, насочил оружје кон еден од војниците, но бил ранет во ногата и заробен.

Инцидентот се случил додека украинските артилерци барале дрон и случајно наишле на непознат човек во руска униформа. Подоцна се испоставило дека Олег бил дел од руска диверзантска група чија цел била да подготви терен за инвазија на градот однатре.

Украинците му укажале медицинска помош и му дале храна, а потоа најавиле дека ќе биде разменет како заробеник. Според информациите, тој учествувал во борби повеќе од три години – но овојпат, еден збор го чинеше слободата.

Escape