Антони, Американец кој неодамна ја посети Македонија, открива дека претходно не знаел многу за земјата, освен името. По работата со Македонци преку интернет, се заинтересира за културата и животот тука и конечно реши да ја посети.
„На почетокот мислев дека ништо интересно нема, само политички и етнички спорови. Но, со текот на времето, преку колегите почнав да ја запознавам Македонија и луѓето“, раскажува Антони.
Тој бил изненаден од гостопримливоста на Македонците, убавината на земјата и вкусната храна. Посетил Охрид, Кокино и многу други места, а учествувал и на домашна слава, каде што бил восхитен од начинот на кој луѓето се собираат, јадат и се дружеат.
Најмногу го изненадиле ниските плати во Македонија и начинот на кој граѓаните сепак знаат да уживаат во животот. „Одат на работа, доаѓаат дома и имаат време за дружење, рекреација и излегување. Каков би бил животот доколку имаат малку повисоки плати?“, се прашува Антони.
По престојот во Македонија, Антони заминал со позитивна слика за земјата и нејзините жители, уверувајќи дека Македонците знаат како да го направат животот убав и слободен, дури и со ограничени примања.















