Во самиот центар на Скопје, мирниот работен ден на еден доставувач на храна завршил со насилен напад. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 22 октомври околу 16:30 часот, пред станбена зграда во општина Центар.
Доставувачот, 37-годишниот М.Г. од Скопје, при извршување на својата работа влегол во недоразбирање со друго лице околу паркинг место. Расправијата набрзо прераснала во физички напад, при што М.Г. бил претепан.
Случајот бил пријавен во полиција два дена подоцна, на 24 октомври во 23:40 часот, по што е започната истрага за целосно расчистување на настанот и идентификување на напаѓачот.















