Вчера, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршија претрес во домот и други простории, како и во товарно возило „мерцедес“ сопственост на Б.Х. (51) од село Рашче, скопско, по претходна судска наредба.
При претресот биле пронајдени и одземени седум пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.















