Од утре Македонија се подготвува за влажен бран, предизвикан од циклонска активност со центар над Џенова. Денот, недела 26 октомври, ќе донесе променливо време со локални врнежи од дожд и засилен, повремено силен ветер од јужен и југозападен правец. Особено обилни врнежи се очекуваат во западните предели, особено во текот на ноќта кон понеделник, кога ветерот може да достигне брзина до 90 км/час, а локално се предвидува и силно невреме.
Во западните предели може да наврне значително количество дожд, над 30 литри на метар квадратен, со услови за појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер, со повремени врнежи од дожд.
Температурите ќе останат над просекот за овој период од годината, во интервал од 15 до 22 степени, а во Скопје се очекува температура до околу 19 степени.















