ПРВ.мк
Свет

Трамп нареди итен удар: Американски носач тргна кон Венецуела

Трамп нареди итен удар: Американски носач тргна кон Венецуела

Американскиот носач на авиони USS Gerald R. Ford, кој изминативе денови се наоѓаше пред Сплит, Хрватска, е пренасочен кон Карибите по итна наредба на претседателот Доналд Трамп. Носачот предводи група воени бродови, вклучувајќи разурнувачи од класата Arleigh Burke – USS Mahan, USS Winston S. Churchill и USS Bainbridge, кои во Карибите ќе се приклучат на амфибиската група Iwo Jima и други американски сили веќе распоредени околу Порторико.

Пентагон објаснува дека ова распоредување е дел од кампања против меѓународните нарко-картели и транснационалните криминални мрежи, со цел зајакнување на американското присуство во регионот и поефикасно следење, спречување и разбијање на мрежите на трговците со дрога кои го загрозуваат безбедноста на САД и западната хемисфера.

Во меѓувреме, американските сили извршиле нов удар врз брод за кој се сомнева дека припаѓал на венецуелската банда Tren de Aragua. Нападот се случил во меѓународни води на Карипското море, при што сите шест мажи на бродот загинале. Министерот за одбрана Пит Хегсет истакна дека ова бил првиот ноќен напад како дел од тековната операција.

Escape