ПРВ.мк
Македонија

Почнува зимското сметање на времето

Почнува зимското сметање на времето

Од вечерва Македонија повторно се враќа на зимско сметање на времето. Точно во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе треба да се вратат еден час наназад — на 2 часот, што значи дека ќе спиеме еден час подолго.

Со оваа промена, утрата ќе бидат посветли, но попладнињата ќе се стемнуваат побрзо. Зимското сметање на времето традиционално започнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд од март, кога повторно преминуваме на летно сметање.

Оваа практика, стара повеќе од еден век, првпат е воведена во Германија во 1916 година за време на Првата светска војна, со цел подобра искористеност на дневната светлина и заштеда на енергија.

Иако денес многу земји сè уште ја применуваат оваа мерка, сè погласни се дебатите дали менувањето на часовникот има вистински ефект врз продуктивноста и потрошувачката на енергија.

Следното поместување на часовниците ќе биде во март 2026 година, кога повторно ќе се вратиме на летното сметање на времето.

Escape