ПРВ.мк
Македонија

Овој стар македонски обичај за Света Петка ќе ви донесе љубов и спокојство во домот

Овој стар македонски обичај за Света Петка ќе ви донесе љубов и спокојство во домот

Овој празник, длабоко врежан во македонската традиција, носи богата симболика и обичаи кои се пренесуваат низ генерации, спојувајќи духовност и културно наследство.

На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот на Света Петка, ден посветен на молитва и семејното собирање.

Еден од најраспространетите обичаи е воздржувањето од тешки домашни работи, особено перење, шиење и други физички напори, за да се почитува светоста на денот.

Во домовите каде Света Петка е крсна слава, се подготвува славска погача, се пали тамјан и свеќа, а се разрешува и вино.

Овие ритуали го зајакнуваат чувството на заедништво и почит кон светителката, позната по својата добрина, заштитништво и чудотворна моќ.

Escape