Полицијата уапси 47-годишна жена од струмичкото село Добрејци, откако при претрес во нејзиниот дом била пронајдена марихуана. Според информациите од МВР, претресот бил извршен со судска наредба, а дрогата била откриена во помошна просторија веднаш до куќата.
Жената е приведена и задржана во полициска станица, каде што со неа е извршен службен разговор. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.















