ПРВ.мк
Магазин

Нов смртоносен тренд меѓу младите – лекари предупредуваат на можен срцев удар!

Нов смртоносен тренд меѓу младите – лекари предупредуваат на можен срцев удар!

Се појави нов и крајно опасен тренд што брзо се шири меѓу младите – „лижење жаби“. Овој бизарен феномен подразбира внесување на токсични супстанции од кожата на жабите со цел предизвикување халуцинации и чувство на еуфорија слично на дејството на ЛСД.

Според експертите, оваа практика може да заврши фатално. Професорот Холгер Барт од Универзитетот во Улм предупредува дека слузта што ја лачат жабите содржи силни токсини кои директно го напаѓаат срцето и можат да предизвикаат сериозно труење, нарушувања на ритамот, па дури и срцев удар.

Во некои земји како Австралија и САД, оваа опасна „природна дрога“ веќе има бројни следбеници. Луѓето ја внесуваат на различни начини – со лижење на кожата, варење на секретот или пушење на исушените остатоци.

Ефектите почнуваат по околу половина час: чувство на еуфорија и интензивни халуцинации. Но, истите тие токсини можат да предизвикаат вртоглавица, повраќање и опасно зголемување на крвниот притисок.

Во Германија и Австрија, жабите сè уште се продаваат легално бидејќи не спаѓаат под законите за наркотици, што дополнително ја зголемува загриженоста кај лекарите. Тие апелираат до младите да не се залажуваат дека природно значи безбедно – бидејќи овој „експеримент“ може да заврши со фатални последици.

Escape