ПРВ.мк
Свет

Вашингтон со став: Испраќа искусен дипломат за цивилен надзор на примирјето во Газа!

Вашингтон со став: Испраќа искусен дипломат за цивилен надзор на примирјето во Газа!

Американската администрација назначи искусниот дипломат Стив Фејган да ја предводи цивилната компонента на новоформираното тело за надзор на примирјето во појасот Газа. Тој ќе работи заедно со генерал Патрик Френк, кој е воен координатор на центарот, формиран во Киријат Гат, на југозападот на Израел.

Центарот е поставен под американска надлежност и има задача да го следи спроведувањето на примирјето, што стапи во сила на 10 октомври помеѓу Израел и Хамас, како и да ги документира сите прекршувања. Дополнително, телото ќе го надгледува пристигнувањето и распределбата на хуманитарната помош за цивилното население во разурнатиот регион.

Во мисијата се вклучени околу 200 американски војници, кои ќе работат заедно со претставници од Израел, европски држави, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, како и со персонал на Обединетите нации и меѓународни хуманитарни организации.

Американскиот државен секретар Марк Рубио го оцени центарот како „историски чекор“ кон стабилизирање на регионот, истакнувајќи дека постојат „доволно причини за разумен оптимизам“.

Стив Фејган, амбасадор на САД во Јемен од 2022 година, има долгогодишно искуство во дипломатијата и безбедносните прашања на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и координацијата на американската политика во Ирак и регионот од Саудиска Арабија.

Вашингтон очекува дека новото тело ќе ја подобри координацијата на меѓународните напори и ќе создаде услови за трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape