ПРВ.мк
Македонија

Разбојник со пиштол ограбил две продавници, оружјето го фрлил во Вардар

Разбојник со пиштол ограбил две продавници, оружјето го фрлил во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според истрагата, на 15 август годинава, осомничениот извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ. Со закана со огнено оружје – пиштол – кон вработената, одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Очевидци наведуваат дека тој влегол во објектот, седнал на едно од столчињата за странки и, кога вработената го прашала колку пари сака, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашена за својот живот, вработената ја извадила касата и му ги предала парите, по што разбојникот избегал.

Три дена подоцна, во објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, истиот осомничен со пиштол се заканил на вработениот и го натерал да го отвори сефот, одземајќи 25.000 денари. По ограбувањето, тој се упатил кон плоштадот „Македонија“ и по пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец.

По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска. Јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик тој повторно да се даде во бегство и веројатност да го повторува делото, поради што побара од судијата на претходна постапка да му биде определена мерка притвор.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK