ПРВ.мк
Македонија

Основниот суд Велес двапати ги ослободи гинеколзите за таргичната смрт на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе - конечно има пресуда по 10 години

Основниот суд Велес двапати ги ослободи гинеколзите за таргичната смрт на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе - конечно има пресуда по 10 години

Десет години по трагичната смрт на родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното новороденче, конечно има пресуда – Апелациониот суд ги прогласи за виновни гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица, осудувајќи ги на шест месеци затвор, казна која ќе се изврши само ако во следните две години сторат ново кривично дело.

Предметот, кој со години се влечеше низ судските лавиринти, цели три години стоел во фиока во Апелација Скопје, чекајќи разгледување. Пресудата на Основен суд Велес е донесена уште во март 2020 година, но предметот стигнал пред судијата Ѓоко Ристов дури во мај 2023 година.

„Три години да чека предмет за смрт на родилка во нечија фиока е срамота. Добро е што сега некој совесен судија реагираше пред истекот на застарување“, изјави Димитриј Кадиев, сопругот на починатата Маја.

Во текот на судскиот процес, двајца анестезиолози кои биле присутни на породувањето починаа, а сведоците од болницата во Гевгелија драстично ги менуваа исказите. Клучен доказ беше сведоштвото на келнер кој потврдил дека докторите пиеле алкохол пред породувањето.

Основниот суд Велес двапати ги ослободи гинеколозите, но Врховниот суд го врати предметот на повторно разгледување. Сега, една недела пред делото да застари, конечно е донесена осудителна пресуда.

„Десет години за правда. Две ослободителни, сега условна. Колку вреди човечкиот живот во оваа држава?“, прашува Димитриј Кадиев, додавајќи дека во Македонија „само политичарите се заштитени, а обичните граѓани не“.

Предметот сега повторно е пред Врховен суд, по жалба на адвокатите на обвинетите, додека семејството Кадиеви чека дали конечно ќе добие правдина за трагедијата што го потресе целиот регион.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK