Кејт Вокер, 53-годишен бескуќник од Атланта, го ризикуваше сопствениот живот за да спаси животите на беспомошните животни затворени во запалено засолниште. Кога огнот го зафати објектот „W-Underdogs“, Вокер без двоумење влетал внатре и извел шест кучиња и десет мачки од пламенот, едно по едно.
Иако самиот нема покрив над глава, неговото срце и храброст се покажаа поголеми од секоја награда. „Не можев да ги оставам таму, животите им беа во опасност“, изјавил тој подоцна за американските медиуми.
Организацијата му изрази огромна благодарност, а граѓаните на Атланта го нарекоа „вистински ангел без дом“. Денес, многумина велат дека овој човек потсети на нешто што често го забораваме – дека хероите не секогаш носат униформи или ордени, туку срце полно со човечност.















