Вечерта пред Света Петка, која се слави на 27 октомври, има посебно значење според народните верувања. Се смета дека токму оваа ноќ може да донесе благослов, среќа и духовно прочистување ако се почитуваат старите обичаи.
По вечерата, се препорачува веднаш да си легнете, а пред спиење задолжително да се прекрстите три пати и да ја изговорите молитвата посветена на Света Петка. Се верува дека ако во сонот ви се појави Светицата, тоа е знак дека сте под божествена заштита, или предупредување дека треба да се поправите и да го смените животниот пат.
Молитвата што се изговара гласи: „Боже помош, Света Петка и Света Недела, прости ако сме згрешиле; помогни ми Господи и спаси од туѓата невидена беда; спаси ме од лошите мисли; помогни го утрешниот ден; Господе дај ми здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бесмрт и босилек да ни даде Господ здравје, среќа и напредок, а утре да се сретнеме здрави и живи!“
На празникот жените не треба да перат, да месат или да вршат тешка рачна работа. Вечерта пред празникот семејството се собира и се моли за здравје и благосостојба. Оваа година, бидејќи празникот паѓа во недела, црковниот календар дозволува да се мрси.
Младите девојки според традицијата треба да наберат свежо цвеќе и да го стават во домот – тоа ќе донесе хармонија и мир во семејството. Се верува и дека ако некој искрено ја повика Света Петка во молитва, таа ќе го посети неговиот дом и ќе му помогне во најтешките моменти.
Според народните верувања, оваа ноќ е магична – молитвите најлесно стигнуваат до небото, а Света Петка им помага на сите кои ѝ се обраќаат со чисто срце.















