Рускиот претседател Владимир Путин најави успешно тестирање на крстосувачкиот нуклеарен проектил Буревестник, способен да носи нуклеарна боева глава и да го избегне секој постоечки или идниот систем за противракетна одбрана. Путин изјави дека овој проектил е уникатен и дека никој друг на светот не поседува слично оружје.
Началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, информираше дека проектилот на 21 октомври прелетал 14.000 километри и бил во воздух околу 15 часа, со речиси неограничен дострел и непредвидлива траекторија. Путин, облечен во камуфлажна униформа, го претстави тестот како „клучен успех“ за руските вооружени сили.
Рускиот лидер додаде дека модерните нуклеарни сили на Русија се на највисоко ниво, способни да ја зачуваат националната безбедност на Русија и Белорусија, и дека нивото на подготвеност е повисоко од било која друга нуклеарна сила во светот. Според Федерацијата на американски научници, Русија и САД заедно поседуваат околу 87% од светскиот нуклеарен арсенал.














