ПРВ.мк
Свет

Илјадници мистериозни објекти ја опколија Америка – Морнарицата алармира за закана за безбедноста

Илјадници мистериозни објекти ја опколија Америка – Морнарицата алармира за закана за безбедноста

Популарната апликација за пријавување на НЛО „Енигма“ регистрираше илјадници мистериозни подводни објекти во близина на американските водни патишта, предизвикувајќи загриженост кај високи претставници на морнарицата за можна закана по националната безбедност.

Од своето лансирање во 2022 година, „Енигма“ собра повеќе од 30.000 пријави за НЛО и аномални феномени, а само од август годинава биле пријавени над 9.000 необјаснети објекти во радиус од 15 километри од американските брегови. Некои од нив излегуваат од длабочините на морето или нуркаат без да предизвикаат прскање, додека други се забележани како лебдат над водата.

Најмногу пријави доаѓаат од Калифорнија и Флорида, држави со најдлабоки океански брегови. Некои сведоци снимиле зелени светла што се движат под површината на океанот, додека мапите на „Енигма“ прикажуваат густо распоредени кластери од портокалови точки по источниот и западниот брег.

Пензионираниот контраадмирал Тим Галоде предупредува дека објекти со способност да се движат од воздух во море без прскање можат да имаат глобални последици. Тој истакнува дека непостоењето реакција од Министерството за одбрана е загрижувачко и покажува дека владата можеби не споделува целосни информации за овие аномалии.

Овој феномен отвора нови прашања за безбедноста на американските води и потенцијалните непознати технологии кои се движат под морската површина.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK