Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол дека Украина е подготвена да продолжи со отпорот против руската инвазија уште две до три години. Зеленски истакнал дека е уверен во опстанокот на својата земја, но загрижен е за жртвите и економските последици од долгорочната војна.
Туск посочи дека, иако руската економија е погодена од конфликтот, тоа не значи дека Западот „победува“. „Русите имаат една голема предност пред Европа: спремни се да се борат“, изјави тој, нагласувајќи дека внатрешна нестабилност во Русија би можела да ја направи ситуацијата уште поагресивна.
Полскиот премиер го потенцираше значењето на европското единство и солидарност со Украина и предупреди дека никој не смее да врши притисок врз Зеленски за територијални отстапки во конфликтот со Русија.














