ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје испрати итен апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, откако беше забележан наголем пораст во потрошувачката.
Особено се повикува да се избегнува непотребна употреба – како полевање тревници, бавчи и ниви, миење автомобили и полнење базени. Освен тоа, од Водовод предупредуваат и на злоупотребата преку т.н. диви приклучоци.
Од претпријатието објаснуваат дека ваквите нелегални приклучоци не само што ја зголемуваат потрошувачката, туку директно ја загрозуваат стабилноста и квалитетот на целиот систем за водоснабдување во градот.
Граѓаните кои ќе забележат див приклучок се охрабруваат веднаш да пријават на телефон 02 3073 010, преку е-пошта на [email protected], или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.