Градот Скопје ги информира граѓаните дека во четврток, 24 септември 2026 година, во текот на денот ќе се спроведе терестрична дезинсекција на подрачјето на градот.
Акцијата ќе биде насочена кон уништување на ларвите од комарци, со цел да се намали нивното присуство и понатамошното размножување.
Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат дезинсекцијата да се реализира во предвидениот термин, прскањето ќе се изврши во првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.
Од градските власти воедно упатуваат известување до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.








