ПРВ.мк
Скопје

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Со автомобил удрил во лице во инвалидска количка!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Со автомобил удрил во лице во инвалидска количка!

70-годишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило додека се движел во инвалидска количка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во инвалидската количка бил Т.П. (70) од Скопје, кога во него удрило патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Со возилото управувал П.Г. (41), исто така од Скопје.

По ударот, Т.П. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде повредите му биле констатирани.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.