Полицијата во Кочани го лишила од слобода 35-годишниот Д.К., кој бил затекнат во куќа додека, според пријавеното, пребарувал една од собите и одземал пари и други предмети.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил на 23 септември, во куќата на 29-годишниот С.А.
Д.К. бил затекнат додека се наоѓал во објектот. Кога се обидел да избега, сопственикот на куќата го спречил, по што 35-годишникот физички го нападнал.
По пријавувањето на случајот, полициските службеници го лишиле Д.К. од слобода.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот, против 35-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.






