ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ УТРЕ ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА: Ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања!

СКОПЈЕ УТРЕ ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА: Ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања!

Жителите на неколку скопски населени места и улици утре, 3 ноември, ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички интервенции на дистрибутивната мрежа.

Првото исклучување е предвидено во периодот од 08:30 до 11:30 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците од делови на улиците „Жан Жорес“, „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во општина Гази Баба.

Прекинот е поврзан со планирани активности во трафостаницата ТС Маџари 9. Интервенциите ќе опфатат чистење и проверка на расклопната опрема, како и долевање масло во кабловските глави и трансформаторот.

Исклучување ќе има и во општина Илинден. Од 08:40 до 10:40 часот без струја ќе биде селото Мралино, поради планирани работи во близина на 10-киловолтен далековод.

Дополнителен прекин е најавен и за попладневните часови. Од 12:00 до 15:00 часот, електрична енергија нема да има во делови од улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“ во општина Гази Баба.

Причината за ова исклучување се техничките зафати во трафостаницата ТС Маџари 8, каде што ќе се вршат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло.

Поради најавените интервенции, жителите на посочените локации треба навреме да ги приспособат своите активности на планираните прекини во снабдувањето со електрична енергија.