Четириесет и осумгодишна жена од Штип пријавила во полиција дека подолг временски период била изложена на психичко и физичко малтретирање од страна на нејзините двајца синови, кои, според нејзината пријава, постојано ѝ се заканувале.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 17:42 часот во Секторот за внатрешни работи Штип.
Жената навела дека во изминатиот период била психички и физички малтретирана од своите 20-годишни синови, кои постојано упатувале закани кон неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, а од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






