Општина Кавадарци продолжува со континуирани активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
На повеќе фреквентни и критични локации низ градот во тек се теренски активности за поставување нови и замена на веќе оштетените пластични столпчиња. Покрај тоа, се врши и замена на оштетените сообраќајни огледала.
Со овие мерки директно се придонесува за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, овозможувајќи поквалитетна сигнализација и значително подобра прегледност на сите ризични крстосници и улици низ Кавадарци.





