Проектот за целосно уредување на кејот на Овчка Река во селото Марена добива сè појасни контури. Градежните активности на терен напредуваат со интензивно темпо, а веќе јасно се оформува визијата за тоа како ќе изгледа овој Нов, современ и уреден простор.
Станува збор за значаен проект вреден 300.000 евра, кој се реализира како донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата „Илија Камчев“. Оваа инвестиција ќе овозможи не само визуелно и урбано разубавување на селото, туку и значително подобрување на животната средина, создавајќи ново место за одмор, дружба и рекреација на жителите и сите посетители.
Она што до неодамна беше само идеја и планирана визија, денес прераснува во реалност. Со секоја завршена фаза од изградбата, Марена е сè поблиску до добивање на нов, современ и препознатлив простор кој ќе го промени целокупниот изглед на населеното место.






