Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес утрово во 05:40 часот го лишиле од слобода 41-годишниот П.Т. од Велес, по пријава за физичко насилство врз малолетно дете.
Според информациите од полицискиот билтен, постапката била преземена по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга. Таа пријавила дека П.Т. физички нападнал едно од нивните малолетни деца додека децата биле на викенд престој кај него.
Посетата се одвивала врз основа на решение донесено од Центарот за социјални работи Велес, по кое децата требало да поминат викенд со својот татко.
За случајот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






