ПРВ.мк
Црна Хроника

19-ГОДИШНИК ИСЧЕЗНА НА ТРИГЛАВ: Спасувачите ги пронајдоа неговите работи, трагите ги избриша ветерот!

19-ГОДИШНИК ИСЧЕЗНА НА ТРИГЛАВ: Спасувачите ги пронајдоа неговите работи, трагите ги избриша ветерот!

Деветнаесетгодишен државјанин на Србија исчезна во саботата, на 31 октомври, за време на искачување на Триглав преку Племеница во Словенија. Спасувачите за време на потрагата ги пронајдоа неговите работи и траги од стапала во снегот, но младинецот сè уште не е пронајден.

Словенечката полиција беше известена за исчезнувањето во неделата, нешто пред 20 часот. Во акцијата за потрага се вклучени припадници на Горската служба за спасување од Бовец и Мојстрана.

Поради неповолните временски услови, силниот ветер и облачноста, потрагата од воздух со хеликоптер не беше можна, соопшти Полициската управа Нова Горица.

Предмети што му припаѓаат на исчезнатиот младинец се пронајдени на надморска височина од 2.130 метри.

За време на утринскиот преглед на теренот беа забележани и траги од стапала во снегот, кои се спуштале до висина од околу 1.900 метри, каде што ветерот подоцна ги избришал. Во тоа подрачје беа пронајдени и други предмети.

Потрагата по исчезнатиот младинец, која ја води Полициската станица Бовец, продолжува.

Најнови вести