ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ СЛУЧАЈ НА НАСИЛСТВО МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: Нападнати момче и неговите двајца другари!

НОВ СЛУЧАЈ НА НАСИЛСТВО МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: Нападнати момче и неговите двајца другари!

Полицијата истражува случај на физички напад врз тројца малолетници во скопската општина Аеродром, откако мајка на едно од момчињата пријавила дека нејзиниот син и неговите двајца другари биле нападнати од група малолетници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во СВР Скопје настанот го пријавила 49-годишна жена.

Таа навела дека инцидентот се случил на 31 октомври 2026 година, околу 21:45 часот, на подрачјето на општина Аеродром. Нејзиниот малолетен син и уште двајца негови другари биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои дел им биле познати.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.